Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров доби нов селекторски ангажам во Либан. Глигоров кој е актуелен селектор на женската сениорска репрезентација во оваа земја, сега ќе ја предводи и машката јуниорска селекција на Либан.
„Од вчера сум и официјално назначен за селектор на машката јуниорска репрезентација на Либан со која ќе учествуваме на Азиското првенство во Оман од 15 до 25 јули годинава. Тоа ќе биде квалификациско за Светско јуниорско првенство што ќе се одржи следната година. Имаме тешка група со С.Кореја, Јапонија и со Кина, но ќе се обидеме да направиме успех“ – истакнува Владимир Глигоров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА