Српскиот интернационалец Владимир Јевтиќ и понатаму ќе ги брани боите на Бутел Скопје, откако беше договорена соработка на уште една сезона со прволигашот.
Јевтиќ дојде пред година и пол во Скопје, и остави одличен впечаток во клубот, по што раководството му понуди нов договор.
„Бутел е екипа што има душа, срце и карактер, и покрај се што ни се случуваше оваа година, успеавме да ја оствариме целта за оваа сезона. За година и пол колку што сум овде немав никакви проблеми и со сите во клубот имаме голема почит. Иако имав понуди и од Македонија и од странство, сепак се решив да останам уште една сезона, и сметам дека го донесов најдоброто решение за мене. Се надевам дека во новата сезона, Бутел Скопје ќе биде уште посилен“, изјави Јевтиќ.
Бутел предводен од тренерот Кристијан Грчевски оваа сезона го освои третото место во суперлигашката конкуренција и со тоа обезбеди место во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА