Владимир Кличко му се враќа на боксот

Саудискиот боксерски промотор Турки Алалших изрази желба во рингот да се врати легендарниот украински боксер Владимир Кличко. Кличко кој има 48 години, би можел повторно да зачекори во рингот во борбата за титулата во тешка категорија против Тајсон Фјури. Но, за да се случи таа борба потребно е да се исполнат неколку услови.

Како прво, Кличко би морал да се согласи да се врати во професионалниот бокс. Дополнително, Тајсон Фјури мора да го победи Олександр Усик во нивниот реванш на 21. декември. Кличко не би се борел со Усик бидејќи тие доаѓаат од иста земја, Украина, и не сакаат да се натпреваруваат меѓу себе.

„Мојот сон е да ја видам оваа борба. Доколку се согласи, Кличко би можел да стане најстариот шампион во тешка категорија во историјата“, изјави Алалших.

Актуелен рекордер е легендарниот Џорџ Форман, кој во 1994 година на 45-годишна возраст го нокаутира Мајкл Мурер и ја освои титулата. Кличко, кој во март ќе наполни 49 години, би имал шанса да го надмине тој рекорд.

Се вчитува...