Екс-репрезентативецот на Србија, кошаркарот Владимир Мицов и официјално објави дека ставa крај на својата играчка кариера.
Мицов минатата сезона ја одигра во Будуќност, а претходно играше за Олимпија Милано, Галатасарај, ЦСКА Москва, Канту, Каха Лаборал, Паниониос, Партизан, Лајонс и ОКК Белград, како и за јуниорите на Беопетрол и Црвена звезда.
„По две децении, дванаесет клубови, осум градови и седум држави, ја напуштам играта исполнет и задоволен. Не се каам за ништо. Им благодарам на сите што беа покрај мене. Во изминатите 21 година ја имав таа привилегија да ја направам мојата професионална работа игра, да победувам, да губам, да учам, да ги поместувам границите и да ги соборувам сопствените рекорди“, изјави Мицов.
Мицов последен пат за Србија играше во 2014 година на пријателскиот натпревар со Нов Зеланд, но беше исклучен од тимот поради конфликт со тогашниот селектор на репрезентацијата Александар Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА