Македонската кошаркарска федерација денешната прес – конференција во пресрет на натпреварот со Словачка ја искористи и за промоција на новиот спортски директор. Оваа фунција во МКФ во иднина ќе ја извршува Владимир Темелковски. Неговата улога сепак многу повеќе ќе биде фокусирана на маркетингот, соработка со клубовите и со медиумите.
„Моја примарна цел ќе биде да се подобрат односите меѓу МКФ и медиумите, како и меѓу федерацијата и клубовите. Целта е да се создадат услови, бидејќи желба на сите нас е да се создаде квалитетна кошарка, салите повторно да се бидат полни. Во интерес ни е да се зборува за кошарката, поттикнуваме реално новинарство. Наша цел се полните сали, промоција и напредок на кошарката“ – рече Темелковски на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА