Владимир Вајс по поразот во Скопје: „Во нашиот тим, за разлика од Шкендија, нема мажи… Играчите да се погледнат во огледало!“

Тренерот на Слован Братислава, Владимир Вајс сосема очекувано беше крајно незадоволен од изданието на своите избраници во поразот од 2-0 д Шкендија во петтото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Вајс на прес-конференцијата по мечот истакна дека Шкендија едноставно била подобриот тим, пожив, побрз и поопасен на теренот кој сосема заслужено дојде до трите бода.

„Лош настап. Тоа е реалноста, не е криза, тоа е прашање на моменталната ситуација. Имаме многу повредени играчи, тоа не е изговор, туку реалност. Шкендија имаше помобилни играчи, а не подобри. Ние не се фокусиравме на голот. Целата наша офанзива е многу слаба. Противникот заслужено победи“ – оцени тренерот Вајс и се пожали на недостатокот на квалитет кај сопствените играчи.

„Ни недостасува централен напаѓач, немаме квалитет во финишот. И, секогаш сме тие ние кои први грешиме на теренот. Ни недостасува напаѓач, а ни недостасува и некој што ќе ја држи топката. Сепак, и без нив, треба да играме подобро против ваков противник. Ни недостасува самодоверба. Мора да бидеме мажи, секој мора да почне од себе и да се погледне во огледало“ – рече Вајс, и дополни:

„Како и да е, треба да останеме со ладна глава и разумно да се справиме со ситуацијата во која се наоѓаме“.

Се вчитува...