Владите на 35 европски земји покренале нова иницијатива, а овојпат бараат од претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александер Чеферин, да ги исфрли руските и белоруските функционери од телата на „европската куќа на фудбалот“,
Ова барање особено се однесува на Александар Џуков, руски бизнисмен, кој е и претседател на Управниот одбор на „Гаспром“, претседател на фудбалскиот клуб Зенит и претседател на Руската фудбалска федерација.
Покрај Џуков, функции во УЕФА имаат и поранешните членови на КГБ Олег Дерипаска и Сегеј Приадкин. Инаку, Русија и Белорусија во органите на УЕФА имаат вкупно 22 претставници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА