Владо Илиевски не запира со трансфери: Цедевита Олимпија со две засилувања во еден ден

Цедевита Олимпија со новата управа на чело со нашиот Владо Илиевски работи напорно на ангажман на нови кошаркари, па така словенечкиот шампион денеска осигура два одлични трансфери.

Нов член на Цедевита Олимпија е крилниот центар Шон Џонс, играч кој има настапувано за Андора, Хапоел Ерусалим, Динамо Сасари и Анвил, а го има носено и дресот на репрезентацијата на Косово.

„Шон Џон е кошаркар кој долго настапува во Европа, има богато искуство, а воедно со успех има соработувано со нашиот тренер, се надеваме дека тоа ќе продолжи и во Цедевита Олимпија“, изјави Илиевски.

Второто засилување се однесува на плејмејкерската позиција, а станува збор за добро познат играч од АБА-терените. Џастин Кобс ќе потпише двогодишен договор со словенечкиот шампион откако долгогодишниот член на Будуќност реши по една година во Јапонија да се врати назад во АБА-лигата.

Се вчитува...