Цедевита Олимпија вечерва ја официјализираше веќе најавената тренерска смена, словенечкиот првак најпрвин обелодени дека се разделува од Симоне Пјаниџани, по што за нов кормилар беше именуван Зоран Мартиќ.
Директорот на Цедевита Олимпија, Владо Илиевски, по консултациите со највисоката управа реши да се раздели од Пјаниџани, официјалната причина се здравствени проблеми на италијанскиот стратег, но неофицијално челниците на клубот биле незадоволни од катастрофалните резултати во Еврокупот, каде овој тим има неверојатни 0-13.
Мартиќ епознат на македонската јавност бидејќи своевремено го водеше МЗТ Скопје, додека македонскиот првак беше дел од АБА1 лигата. За овој стручњак потпишаниот договор претставува враќање во Олимпија, тим во кој работеше како помошник од 2008 до 2010, а потоа и како прв тренер во сезоната 2017/18, во која стигна до титулата во словенечкиот шампионат.
Договорот е потпишан со важност до крајот на сезонава, со можност за продолжување за уште една дополнителна година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА