Македонските репрезентативци играа и загубија од една од најдобрите светски селекции Полска во 3. коло на Европското првенство 2023 на кое кодомаќин е и Македонија.
Предвидлив пораз, ако се знае нивото на кое играат Полјаците, но за македонските одбојкари меч кој носи мотив и за се понатаму што следи на шампионатот.
„Полска е репрезентација која игра на едно друго ниво. Ние се обидовме да пружиме максимален отпор, иако на моменти имавме и потфрлување, но уживавме во еден ваков натпревар со светски шампион. И пред ова првенство знаевме дека тие се едни од најдобрите во светот, и едни од главните кандидати за европската титула на овој шампионат. Затоа мечот го искористивме за да одржуваме ритам на турнирот па сега дополнително мотивирани одиме на последните два меча со Холандија и со Чешка на кои ќе атакуваме на победа. Не сакаме да се задоволиме само со претходните две победи, сега сакаме на следни нови победи“ – вели Владо Милев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА