Владо Недановски доби нова функција во Вардар

Поранешниот тренер на Вардар, Владо Недановски и после напуштањето на тренерската функција, останува во клубот. Тој во иднина ќе работи како координатор на младинските категории на клубот, соопшти РК Вардар.

Тој сега ќе биде посветен на работата на младите играчи на ракометните „црвено-црни“, откако ги водеше сениорите во изминатиот период.

„Вардар веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.
Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим“, стои во објавата на „црвено-црните“.

Се вчитува...