Ракометарите на Алборг се фокусирани и максимално мотивирани пред утрешниот дуел со Еурофарм Пелистер, со желба на премиерниот домашен меч во Лигата на Шампионите да ги израдуваат своите верни навивачи.
Данскиот тим се наоѓа во извонредна форма, во првото коло славеше на гостувањето против европскиот вицепрвак Киелце, додека „пелистерци“ се наоѓаат во криза, губејќи ги последните три меча (два од Вардар, еден од норвешки Колстад“). Словенечкиот бек на Алборг, Алекс Влах, е оптимист дека данскиот состав ќе стигне до победата.
„Имам играно против Пелистер во минатото, можам да кажам дека се типична балканска екипа. Ако тргнеш да се тепаш со нив, подготвени се за тоа и ќе го искористат во своја полза. Физички се силни, но ние сме фаворити, играме на домашен терен и верувам дека ќе стигнеме до победата. Треба да ги повториме добрите работи од последните натпревари, да наметнеме силно темпо од самиот почеток и што порано да се одлепиме резултатски“, изјави Влах.
Мечот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА