Фудбалерите на Јувентус со убедлива победа го стартуваа почетокот на нвоата сезона во Серија А добија (3-0). Сасуоло кој често знаеше да биде незгоден, а и да го победува Јуве, сега беше немоќен на „Алијанц Стадион“ во Торино.
Ди Марија на овој дуел го постигна и својот деби гол во Серија А, додека вториот и третиот беа дело на Душан Влаховиќ. Србинот даде своја изјава за новиот тим на Јуве, како и за целите во новата сезона.
„Сè уште не сум на 100% бидејќи имав проблем. Ова е вторпат да играм 90 минути, работам на тоа да се вратам на максимумот и на располагање на тренерот. Морам да кажам дека е неверојатно чувството да играш со Ди Марија, да работиш со таков шампион. Со Костиќ пак, играме заедно за Србија, убаво е што е сега тука. Се гради одлична атмосфера во тимот. Ова е само почетокот, победивме на првата средба, но мора да продолжиме смирени и самоуверени. Тимот е на првото место. Ако Јувентус го освои скудетото, а јас не сум најдобар стрелец, нема да жалам“, изјави Влаховиќ.
Јувентус се врати со високи амбиции во калчото, со доведувањето на Анхел Ди Марија, Пол Погба и Филип Костиќ, само го надополни конкурентниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА