Влаховиќ добил понуда од Мадрид

Душан Влаховиќ летово ќе го напушти Јувентус, и ќе има нов клуб. Се поголем број екипи се споменуваат како негова следна дестинација, а сега во трката се вклучува и Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуи откриваат дека на листата на желби на Диего Симеоне е токму Влаховиќ. Србинот не успеа да постигне договор со тимот од Торино, и ќе биде продаден на една година пред да истече договорот.

Не е тајна дека Симеоне сака да го засили нападот, по заминувањето на Анхел Кореа. Со оглед дека Аргентинецот игра со двајца напаѓачи, во Влаховиќ гледа идеален партнер со Хулиан Алварез, а тука е и Александар Сорлот.

Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година за 80 милиони евра и јасно е дека „старата дама“ ќе биде во загуба, бидејќи нема да ги врати вложените пари.

Се вчитува...