Влаховиќ донесе три бода за Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус ја забележа втората победа во италијанското првенство со триумф на гостувањето кај Џенова од 0-1 благодарение на голот на Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец кој се поврзува со заминување од торинскиот клуб доби шанса во 62. минута од средбата која ја искористи за победонискиот гол само 11 минути подоцна со умешен обид со глава по корнер.

Торино и Фиорентина ремизираа без постигнат гол.

Се вчитува...