Душан Влаховиќ денеска ја имаше и својата промоција како ново суперзасилување на Јувентус, откако српскиот голгетер го комплетираше трансферот од редовите на Јувентус.
Србинот игра извонредна сезона и со 17 погодоци е рамо до рамо со Имобиле на врвот на листата на стрелци во Калчо-лигата, што беше причина да добие бројни понуди во изминатиот период. Сепак, за Влаховиќ од самиот почеток немаше дилема – тој инсистираше на трансфер во Јувентус без оглед на незадоволството што со тој потег го предизвика кај навивачите на Фиорентина.
„Го сакав Јувентус бидејќи сум свесен за големината на овој клуб. Тоа е тим со победнички карактер, кој атакува на сите можни трофеи. За човек како мене, со победнички менталитет и максимални амбиции, тоа е најважно“, истакна Влаховиќ.
Српскиот напаѓач ќе го носи дресот со број седум што до минатата сезона го носеше Кристијано Роналдо.
„Свесен сум за тежината што ја носи „седумката“ во Јувентус, но да бидам искрен не размислував премногу за тоа кога го бирав бројот. Го зедов бројот седум бидејќи е најблиску до деветката од оние што беа слободни“, прокоментира Влаховиќ, најавувајќи дека во текот на летото најверојатно ќе го преземе дресот со број девет од Алваро Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА