Влаховиќ го одбра својот нов клуб

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го напушта Јувентус за четири месеци. По четири и пол години во дресот на „Старата дама“, Влаховиќ го напушта Торино, и се чини дека конечно се одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Неговиот нов тим би можел да биде Барселона. Италијанските медиуми донесуваат ексклузивна вест дека Србинот сака да оди во Каталонија.

Влаховиќ ја избра Барселона како своја следна дестинација. Претходно се зборуваше за тоа како Каталонците го гледаат како идеална замена за Роберт Левандовски, кој треба да замине во САД следното лето.

Секако, секогаш треба да се биде внимателен со Влаховиќ и неговите одлуки. Парите беа сериозен проблем во договорот со Јувентус, а Барса не може да троши премногу за плати.

Влаховиќ и неговиот агент барале плата од најмалку 10 милиони евра нето, за да останат во Торино. Јуве го одбил тоа и понудил два милиони помалку. Со тоа не е постигнат договор, со што Србинот веќе може да преговара со други клубови. Барселона сега има предност, со оглед на неговата желба да игра во каталонскиот гигант.

Се вчитува...