Јувентус утре го игра градското дерби против екипата на Торино, а тренерот Тијаго Мота се соочува со нови проблеми околу составот на „старата дама“ за овој натпревар.
Имено, Душан Влаховиќ и Консеисао во последните денови тренираа индивидуално, а Мота на денешната прес-конференција обелодени дека двајцата офанзивци ја загубиле трката со времето и нема да бидат во комбинација за настап против Торино.
„Имаме проблеми со повредени цела сезона. Оние кои се во аут подолго време нема да се вратат наскоро, а сега ги загубивме и Влаховиќ и Консеисао. Тие нема да играат со Торино, се надевам дека нивната пауза нема да биде премногу долга“, изјави Мота.
Покрај бројните повреди во таборот на Јуве, дуелот со Торино ќе го пропушти и Локатели поради суспензија, а се очекува во негово отсуство шанса да добие Даглас Луиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА