Душан Влаховиќ веќе поодамна го загуби првотимското место во Јувентус со оглед на „војната“ која ја води со раководстовото и навивачите на италијанскиот клуб, но и тоа не го спречува да игра во врвна форма.
Тоа го докажа на вчерашниот натпревар против Борусија Дортмунд на кој одново доби шанса од клупата и истата ја искористи во целост постигнувајќи два гола и забележувајќи една асистенција за нешто повеќе од половина час поминати во игра.
Српскиот репрезентативец одигра пефектен натпревар па за медиумите говореше и за својот статус во клубот.
„Воглавно во текот на целиот живот без стартер, постигнував многу голови, но сега ситуацијата е различна и се се промени. Во денешно време, со пет измени се е различно и на крајот на денот како што вели и трнерот, повеќе нема стартери и замени. Искрено, не размислувам многу за тоа. Се трудам да останам концентриран и да му помогнам на тимот да дојде до посакуваниот резултат. Дали започнувам од прва минута или од клупта не ми е важно.
Кој ќе игра одлучува тренерот, а јас сум на располагање. Се трудам да тренирам максимално и да го носам тоа што се бара од мене. За мене е добро доколку постигнувам голови. Од клупа или како стартер тоа не е важно. Јасно е дека сакам да играм од првата минути. Секако, јас ја почитувам одлуката на тренерот, но ќе се обидам да му ја закомпликувам работата“, изјави Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

