Фудбалерите на Јувентус ставија крај на серијата од три натпревари без победа во Серија А со триумф на гостувањето кај Џенова од 0-3 во 6. коло.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Влаховиќ беше прецизен од белата точка во 48. минута, а српскиот интернационалец донесе и двојна предност на својот тим во 55. минута, а конечниот резултат го постави Консисао со гол во 89. минута.
Со овој триумф Јувентус се искачи на првата позиција на табелата со 12 освоени бодови, по еден повеќе од Торино, Милан и Интер со тоа што торинскиот клуб има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА