Српскиот интернациналец Душан Влаховиќ продолжува да биде во вниманието на спортската јавност. Напаѓачот на Јувентус кој пред некој ден ја коментираше одлуката да замине во редовите на „старата дама“, сега откри и која е неговата инспирација.
И покрај тоа што истата ја полнат имиња како Мајкл Џордан и Кристијано Роналдо, најголемата инспирација е неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ за кој Влаховиќ вели дека е голем шампион.
„Тој е од Србија и дефинитивно е број еден па отсекогаш му се восхитував. Тој е голем шампион. Сакам да научам повеќе од него за начинот на кој одработува одредени работи. Тој е многу добар во поглед на менталната сила и со тоа како се носи со одредени проблеми“, вели Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА