Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ игра брилијантно на почетокот од сезоната, иако поголемиот дел од летото беше на работ да го напушти Јувентус. Откако одби да потпише нов договор, сепак на крајот остана, и се покажа како најдобар играч на Јувентус на почетокот на сезоната.
Брилијантниот напаѓач добива пофалби од сите страни, но факт е дека игра во последната година од договорот, кој одби да го продолжи, па може да оди каде сака во текот на летото. Во Торино се плашат од ова сè поизвесно сценарио, па затоа решија да го продадат во јануари и да остварат профит.
Според српските медиуми, Влаховиќ ќе замине во Баерн Минхен. Веќе наголемо почнаа шпекулации за враќање на Хари Кејн во Премиерлигата, и тоа во дресот на Тотенхем, па Србинот би бил идеална замена.
„Јувентус ќе се обиде да го продаде Србинот во јануари и да заработи барем малку пари, бидејќи не треба да заборавиме дека клубот од Торино го купи за 83,5 милиони евра од Фиорентина во зимата 2022 година. Главен кандидат во моментов за доведување на Душан Влаховиќ е Баерн Минхен. Посебно е што еден од главните лидери на клубот, Карл Хајнц Румениге, лобира за Србинот“, пишува „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

