Душан Влаховиќ постигна гол за Фиорентина на синоќешниот дуел со Торино, но српскиот голгетер уште повеќе ги израдува навивачите на „виолетовите“ со изјавата веднаш по мечот, во која потврди дека не планира да ги менува клупските оби.
Влаховиќ играше феноменално минатата сезона, што беше причина тој да се најде на листата со желби на бројни клубови. Тотенхем и Атлетико Мадрид понудија по 60 милиони евра, се најавуваше и понуда од Јувентус, но младиот српски голгетер е свесен дека најважно за него е да игра што повеќе за дополнително да напредува во кариерата.
„Имав навистина топ-понуди од различни клуови летово. Зборуваме за одлични суми и за мене и за клубот, но никогаш не инсистирав на заминување. Напротив, моја желба беше да останам овде. И тоа ќе ми се исполни – останувам во Фиорентина во текот на целата сезона“, порача Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА