Душан Влаховиќ како подарок за својот 22. роденден го облече дресот на Јувентус. Преговорите завршија во петокот, по завршување на лекарските прегледи тој и официјално стави потпис.
Српскиот напаѓач дојде во Фиорентина за 70 милиони евра, кои ќе бидат исплатени во следните три години.
Сепак еден од најголемите трансфери во јануарскиот преоден рок не можеше да помине без скандал, па веќе на големо се зборува дека се подготвува казна за Влаховиќ.
Според информациите кои доаѓаат од Италија се вели дека тој бил позитивен на коронавирус кога пристигнал во Торино и го прекршил правилото за карантин.
„Сите кои имаат примено три вакцини, помеѓу позитивниот и негативниот тест мора да чека седум дена. Тоа се правилата. Ако ја напушти изолацијата, поради кршење на правилата ќе биде казнет. Акцијата која ја превземавме е задолжителна, мирни сме, во четвртокот ги превземавме сите мерки“, стои во изјавата од кризниот штаб во Тоскана.
Влаховиќ не добил дозвола за да допатува во Торино на лекарските прегледи и потпис, па поради тоа е пријавен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА