Јувентус се подготвува да прави измени во напаѓачките ренови, а за таа цел веројатно Душан Влаховиќ ќе си замине од Торино во летниот преоден рок. Според информациите од Италија, гигантот од Серија „А“ ќе ја намали цената на неверојатни 25 милиони евра, само да успее да го продаде Србинот. Јувентус зимава на позајмица го донесе Рандал Коло-Муани, кој засега се покажува со добри настапи, и може перманентно да остане дел од „бјанконерите“.
За Влаховиќ и зимава имаше заинтересирани клубови, но Јувентус на крајот успеа да го задржи, меѓутоа на лето сигурно ќе биде продаден.
Со оглед на малата сума, ќе се појават многу заинтересирани клубови за потписот на Србинот. Еден од нив е Арсенал, кој ќе сака да ги реши проблемите во нападот со ангажман на Влаховиќ. Јасно е дека Артета одамна го сака голгетерот на „Емирати“, но досега не успеваше да го донесе. Сега и тоа како добро би му дошол, затоа што нема напаѓач по повредите на Габриел Жесус и Каи Хаверц.
Затоа на лето Арсенал нема да ја пропушти оваа можност, и осетно да го засили нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

