Иако беа големи очекувањата фудбалската репрезентација на Србија катастрофално го почна Мундијалот во Катар, откако во првите два меча забележа пораз од Бразил и неочекувано реми со Камерун.
И покрај сите проблеми и очајната игра Србите повторно сами одлучуваат за својата судбина и со триумф над Швајцарија во последното коло тие ќе бидат дел од нокаут фазата на Мундијалот.
Токму една од причините за овие резултати е тоа што првата ѕвезда Душан Влаховиќ играше премногу малку досега на шампионатот, а шпекулациите беа секакви во српските медиуми. Сепак, на денешната прес-конференција напаѓачот на Јувентус вели дека нема дилема дека подготвен е за мечот против Швајцарија и дека ако треба ќе игра со една нога.
„Во договор со тренерот, а разговараме секој ден, одвоивме минутажа на првите два натпревари. Подготвен сум да играм со една нога, но прашање е колку тоа може да придонесе за тимот. Ќе видиме. .. Ставам крај на сите работи, тие остануваат зад нас, продолжуваме понатаму“, изјави Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА