Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ ќе го промени клубот на крајот од оваа сезона. Му исткеува договорот со Јувентус, а има неколку добри понуди. Најдобрата доаѓа од Барселона која го сака како замена за ветеранот Роберт Левандовски. Се споменува дека се подготвени да му дадат плата од 12 милиони евра годишно, колку што заработува во Јувентус.
Интерес има и од Милан, но „росонерите“ засега се далеку од ангажман на српскиот напаѓач, затоа не можат да издвојат толку за плата. Сепак, „росонерите“ имаат план Б.
Со оглед дека Левандовски ќе ја напушти Барса, тогаш лесно би можело да се пресели на „Сан Сиро“. Алегри силно го сака Влаховиќ, но со оглед дека е нереална опција, тогаш Полјакот лесно би можел да биде новата „деветка“ на Милан.
Левандовски во својата кариера досега има постигнато 652 голови играјќи за Прушков, Лех, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

