„Влаховиќ од јуни ќе оди во Барселона“

Душан Влаховиќ се опоравува од повредата и операцијата, со очекување да се врати на терените следниот месец.

Договорот на српскиот напаѓач со Јувентус истекува на крајот од сезоната и има многу лицитирање околу неговата иднина.Наводно, Барселона е во пол-позиција, но ситуацијата ја следат Баерн, Милан, Интер…

Во интервју за Тутоспорт, кондицискиот тренер на српската репрезентација, Душан Илиќ, зборуваше за закрепнувањето и иднината на Влаховиќ.

„Повредата се случи на многу специфично место. Но, имајќи ги предвид лекарите и експертите што ги има на располагање, можам да кажам дека наскоро ќе го видиме повторно. Мислам дека ќе го видиме повторно на теренот на почетокот на март. И тоа во стариот ритам“.

Влаховиќ ќе се обиде да се збогува со стил со Јувентус оваа сезона, со кого се бори за место во Лигата на шампионите.

„Според мене, тој ќе оди во Барселона. Дури и пред да дојде во Јувентус, разговараше со Атлетико Мадрид, но сепак го одбра тимот од Торино. Тоа беше понуда што беше невозможно да се одбие. Сега треба да ја освежи својата кариера и да се обиде да продолжи понатаму“ – вели Илиќ.

Се вчитува...