Влаховиќ одбива трансфер од Јувентус

Душан Влаховиќ продолжува да му создава проблеми на Јувентус бидејќи нема намера да го напушти клубот од каде му следат 19 милиони евра за сезоната 2025/26 која воедно е и последна во договорот, пренесуваат италијанските медуми.

За негов ангажман постои сериозен интерес од страна на Фенербахче, но српскиот голгетер не сака да замине од Торино и да настапува во послабо првенство со помала заработка.

Влаховиќ не е во плановите на Јувентус, а и со цел да врати дел од 83.5 милиони евра потрошени за ангажман во 2022 година „страта дама“ пред тој да замине од клубот како слободен играч цели кон негов трансфер.

Се вчитува...