Повторно во центарот на вниманието е Душан Влаховиќ. Српскиот голгетер повторно е на „удар“ на навивачите на Јувентус, по елиминацијата од Купот од Емполи, откако тој беше трагичар промашувајќи пенал во пенал серијата.
Влаховиќ беше поврзуван со трансфер во ПСЖ, па во Арсенал, но најновите информации говорат дека на крајот би можел да остане во Италија, и да се пресели во редовите на лутиот ривал Интер.
„Нероазурите“ е подготвен да ја искористи шансата на намалување на цената на Србинот, и да го купи, но под еден услов – да го продаде Маркус Турам. Турам наводно би можел да се пресели во ПСЖ, што ќе биде шанса Интер добро да заработи на него, но и по поволна цена да го ангажира Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

