И покрај тоа што период интензивно се шпекулира со неговото заминување од Јувентус уште во јануари, а за неговите услуги наводно се заинтересирани Реал, Арсенал и Челси, српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ вели дека нема намера да го напушти тимот од Торино.
Влаховиќ во разговор за „Газета дело спорт“ открива дека во моментов течат разговорте на неговите менаџери со „Старата дама“ за продолжување на меѓусебната соработка.
„Играм во еден од најважните клубови во светот. Горд сум поради тоа, и и понатаму се гледам тука и само тука“ – вели Влаховиќ и дополнува:
„Имам уште две години договор, и не ни се брза, но мојот агент и спортскиот директор на Јувентус веќе разговараат. Многу сум среќен што сум тука, и сигурно сакам продолжување на соработката“.
Во моментов Влаховиќ игра за плата од десет милиони евра, а се очекува таа да биде повисока со евентуален нов договор меѓу двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

