Душан Влаховиќ се почесто е критикуван за променливата форма во дресот на Јувентус, а Србинот ризикува да го навлече бесот на тренерот и соиграчите по последната изјава дека му е полесно да игра за националниот тим отколку за „црно-белите“ од Торино.
Тој не се запиша меѓу стрелците на ремито со Швајцарија, но асистираше при израмнувачкиот голшто го постигна Терзиќ, а по мечот Влаховиќ говореше за тактичките разлики меѓу клубот и репрезентацијата.
„Можам да кажам дека ми е нешто полесно да играм за Србија отколку за Јувентус. Така е бидејќи крај мене имам уште еден напаѓач, Митровиќ знае да ја задржи топката, знае да добие воздушни дуели, па јас можам да ги истакнам оние специфични квалитети што ги поседувам. Тренерерот исто така не ми дава премногу задачи во дефанзива, па полесно ми е да се фокусирам на обврските во нападот. Со мојот физички изглед, тешко ми е да трчам толку многу и потоа да бидам свеж кога ќе треба да ги завршувам акциите, ако се посветам максимално и на одбраната“, изјави Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА