Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли наскоро ќе се сретне со агентот на Душан Влаховиќ за да разговара за идното продолжување на договорот со српскиот напаѓач и да избегне повторување на ситуацијата што доведе до разделба на Федерико Киеза ова лето, пренесува „Газета“.

Јувентус планира да му понуди нов договор на Влаховиќ , а Џунтоли ќе започне прелиминарни преговори со претставникот на играчот,  од крајот на септември до почетокот на октомври. Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите, иако клубот мора да ги намали трошоците.

Тешко дека преговорите ќе бидат лесни, бидејќи раководството на „Старата дама“ има намера да понуди намалување на платата на Србинот, но подолг договор и повеќе бонуси.

Сепак, Влаховиќ е среќен во клубот и одржува добри односи со тренерот Тиаго Мота, па „бјанконерите“ се уверени дека напаѓачот ќе ја прифати понудата.

Се вчитува...