Душан Влаховиќ е пред заминување од Јувентус каде за него повеќе нема место во првиот тим. Проблем е и договорот кој му истакува во јуни 2026 година па со цел да не исплаќа плата на еден од најскапите фудбалери во Европа цела сезона за тој да замине без обесштетување, италијанскиот клуб е подготвен да остане без неговите услуги.
Српскиот репрезентативец е мета на повеќе европски клубови, како и на оние од Саудиска Арабија, а од неодмана за неговите услуги се заинтересира и најбогатиот клуб од Јужна Америка, Фламенго.
Фламенго има годишен приход од 200 милиони евра, а платите за фудбалерите ја надминуваат сумата од 100 милиони евра па Бразилците нема да имаат проблем да ги задоволат високите барања на Србинот.
„Според мене Влаховиќ е токму тоа што ни треба и размислував за него. Нас парите не ни се проблем, туку проблемот е како да ги натераме тие големи имиња од Европа да дојдат во Бразил. Во фудбалот никогаш не велете никогаш“, изјави спортскиот директор на Фламенго, Хосе Бото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

