Влаховиќ пропушта уште еден важен меч на Јувентус

Душан Влаховиќ нема да може да му помогне на Јувентус ниту на градското дерби со Торино што е на програмата викендов откако српскиот репрезентативец не успеа да се рехабилитира навреме од незгодната повреда на мускулот.

Србинот беше херој во триумфот над Лацио, потоа одигра само петнаесетина минути со Лече, по што лекарскиот тим на Јуве објави дека Влаховиќ нема да може да настапи против Аталанта. Јувентус делуваше безопасно без својот најдобар стрелец, мечот заврши 0-0, а Алегри се надеваше дека тој ќе може да се врати против Торино.

Сепак, Влаховиќ не тренираше со остатокот од тимот оваа седмица, по што беше донесена одлука да го пропушти и градското дерби, па потоа за време на репрезентативната пауза целосно да се рехабилитира.

Аркадиуш Милик е „фит“ по својата повреда, но Алегри најверојатно ќе се реши за тандемот Кеан – Киеза против Торино, во обид да го врати тимот назад на победнички патеки.

Се вчитува...