Српскиот напаѓач во дресот на Фиорентина, Душан Влаховиќ проговори за својата иднина. По сите шпекулации за тоа каде ќе замине на крајот на сезоната, Влаховиќ истакна дека посакува да и помогне на Фиорентина да ја внесе во европските купови.
Актуелниот договор на 21-годишниот напаѓач истекува во летото 2023 година, бројни клубови покажаа интерес за Србинот, но веќе е јасно дека тој ќе остане во Фиренца најмалку до крајот на сезонава.
„Сега сум фокусиран на нови цели, но никогаш не кажувај никогаш. Веќе неколку пати одговорив на ова прашање. Добра фудбалска приказна е напишана и овде во Фиорентина. Имаме добар тим, одлични играчи, навивачите одлично не поддржуваат. Сето ова заслужува почит. Само Господ знае што ќе биде следно. Мојата желба е да ја однесам Фиорентина во некое европското натпреварување, бидејќи таму не сме играле долго време. Не знам што ќе се случи следно. Ќе видиме“, вели Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА