Влаховиќ се поблиску до заминување од Јувентус

Душан Влаховиќ на почетокот на новата година ќе има можност слободно да преговара со сите заинтересирани клубови, бидејќи влегува во последните шест месеци од договорот со калчолигашот Јувентус.

Еден од поиндикативните примери дека е се поблиску до заминување од Торино е неговото отсуство на гала вечерата на тимот, на која присуствуваше и сопственикот Џон Елкан.

Српскиот напаѓач сè уште не постигнал договор со Јувентус во врска со продолжувањето на соработката, а речиси е сигурно дека нема да постигне сè до почетокот на 2026 година, кога ќе може слободно да разговара со други заинтересирани тимови.  Еден од тие клубови е Милан, кој се обиде да го доведе ова лето, но пречката беа високите приходи.

Влаховиќ дојде во Јувентус во јануари 2022 година од Фиорентина за 83,5 милиони евра. За речиси четири години во Торино, тој одигра 162 натпревари и постигна 64 гола во сите натпреварувања, од кои најважниот беше веројатно оној во финалето на Купот на Италија 2024 против Аталанта, натпревар во кој го освои единствениот трофеј со „старата дама“.

Се вчитува...