Влаховиќ се враќа во составот на Јувентус против Милан

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри рече дека српскиот фудбалер Душан Влаховиќ е подготвен да игра на утрешното дерби против Милан.

Србинот кој не беше со својата селекција поради повреда, навреме се рехабилитираше и веројатно ќе биде голем адут за Јувентус на овој меч.

„Влаховиќ тренираше со нас цела недела и добро се чувствува. Ни доаѓа после период во кој не беше активен, ако почне од почеток, нема да издржи до крај. Многу е важно што се рехабилитираше по добриот почеток на сезоната“, рече Алегри.

Се вчитува...