Душан Влаховиќ цело лето се мачеше да најде нов ангажман и да си замине од Јувентус, но добрите партии во дресот на „старата дама“ на стартот од сезонава целосно ја променија ситуацијата за српскиот голгетер.
Нов договор со Јуве не е опција бидејќи „старата дама“ инсистира на значително намалување на платата што е неприфатливо за Србинот, но италијанскиот гигант е решен да го продаде Влаховиќ во јануари наместо тој во текот на летото да си замине како слободен играч. Добрите игри на голгетерот во изминатиот месец придонесоа да се јави и сериозен интерес за негов трансфер, па италијанските медиуми веќе најавуваат дека Србинот на почетокот од 2026 година ќе се пресели во Премиер-лигата.
Челси и Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со агентот на српскиот репрезентативец, не криејќи ја желбата да го доведат во своите редови. „Сините“ имаат бројни офанзивни опции, но се подготвени да платат 10 милиони евра за потписот на Душан, истата сума ја има подготвено и Јунајтед, кој повторно ќе се активира на пазарот по серијата слаби игри на Шешко.
Двата тима се подготвени да му дадат значаен бонус за потпис, но и да ја израмнат платата на Влаховиќ во Јувентус од еден милион евра месечно, па ќе биде интересно да се види дали тој ќе прифати зимски трансфер или ќе чека до крајот на сезоната, кога како слободен играч би можел да заработи повеќе пари од потписот за новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

