Фудбалската репрезентација на Србија се пласираше на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија откако ремизираше со 2-2 против Бугарија во последниот натпревар од квалификациите. Србите имаа негатива се до 82. минута од натпреварот, но со голот на Бабиќ стигнаа до злато вреден бод и место на континенталниот собир.
А, таму Србие не сакаат да бидат само учесници, туку и да ја докажат својата класа како што вели голгетерот Душан Влаховиќ.
„Имаме многу квалитетен тим и сигурно е само прашање дали пласманот можевме да го решиме порано. На крајот најбитно е што се пласиравме на Европското првенство и како што Тадиќ вели треба ова да ни биде навика. Имаме квалитет и добра екипа и не треба да бидеме само учесници, туку да одиме на големите натпреварувања како екипа која другите репрезентации ќе ја гледаат како добар и голем ривал“, изјави Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА