Фиорентина вечерва игра против Јувентус во второто полуфинале во Купот на Италија, а во фокусот на вниманието ќе биде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој токму од Фиренца се пресели во Торино, со што ги разочара навивачите на „виолетовите“.
Токму фановите најавуваат „пеколен“ дочек за Влаховиќ, а веќе најавија што му подготвуваат.
„Цел град се чувствува ‘предаден’ од страна на Влаховиќ, и тоа неколку пати се случи во минатото. Молчењето не е опција. Фиренца е горд град“, рече Федерико Де Синополи, координатор на навивачите на Фиорентина.
Освен Влаховиќ, од Фиорентина во Јувентус заинаа уште и Федерико Киеза и Федерико Бернандески, а исто така „виолетовите“ го паметат трансферот на Роберто Баџо во 1990 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА