Јувентус успеа да стигне до тешка победа на гостувањето кај Фросиноне со 1-2, благодарение на головите на младиот Јилдиз и на Душан Влаховиќ. Србинот во вториот дел влезе, и во 82. минута успеа да донесе триумф на својот тим.
Јуве имаше одличен почеток на мечот. Уште во 12. минута младиот Јилдиз ја искористи грешката на одбраната и на голманот на Фросиноне. Лошо избиена топка од чуварот на мрежата, а потоа топката стигна до Јилдиз, кој мина три играчи и стрелаше во мрежата.
Фросиноне во 52. минута успеа да израмни по одлична акција од десната страна преку Баез-Стабиле. Сепак, во 82. минута од средбата Влаховиќ со глава успеа да ја спроведе топката во мрежата и да донесе предност. Влаховиќ постигна и втор гол, меѓутоа му беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА