Душан Влаховиќ го очекува нова пауза од фудбалските терени откако деталните прегледи покажаа дека повредата заработена во текот на вчерашниот ден воопшто не е наивна.
Влаховиќ беше резерва на дуелот против Џенова, тој требаше да влезе на стартот од второто полувреме, но го повреди мускулот при загревањето и воопшто не настапи на овој натпревар.
Тој видно разочаран денеска пристигна на лекарски прегледи , кои утврдија повреда на мускулот на левата нога, по што е препорачано мирување од околу еден месец. Ова значи дека Влаховиќ би можел да се врати во тимот дури на почетокот од месец мај, а прашање е како новата повреда ќе влијае врз преговорите за потпишување нов договор, ако се знае дека актуелниот истекува на крајот на јуни, по што Србинот би можел како слободен играч да го напушти најтрофејниот италијански клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

