Влаховиќ во Милан, Хернандез во Јувентус?

Јувентус се мачи да најде купец за Душан Влаховиќ, Милан го има истиот проблем со Тео Хернандез, па двата италијански гиганти решија да си помогнат еден на друг, почнувајќи преговори за размена на овие две фудбалски ѕвезди.

Ситуацијата е проблематична бидејќи и кај двајцата фудбалери договорите истекуваат за една година, при што тие јасно отфрлаат секаква можност да ја продолжат соработката. Тоа сериозно влијаеше и на нивната цена, па така Јуве до минатото лето одбиваше понуди и од над 50 милиони евра за Влаховиќ, а сега не може да најде купец ниту за половина од таа сума.

Хернандез одби да се пресели во Саудиска Арабија, во меѓувреме се одолговлечи и неговото враќање во Атлетико Мадрид, па челниците на Јуве и на Милан се обидуваат да постигнат договор за целосна размена на големите асови. „Росонерите“ на тој начин би добиле класична „деветка“ каква што посакува новиот тренер Алегри, Јуве би добил врвен лев бек (што би отворило простор за продажба на Камбијасо), но и би си создал значителен простор во буџетот за плати ако се знае дека Влаховиќ е убедливо најплатен фудбалер во таборот на „старата дама“.

Се вчитува...