Душан Влаховиќ за малку зимава ќе завршел на „Олд Трафорд“, тврди АС. Бараната цена од Јувентус од 100 милиони евра ги прифати тимот на Манчестер Јунајтед и трансферот речиси бил завршен, но во последен миг агентот на српскиот голгетер го блокирал преминот.
„АС“ не ги наведува причините зошто на крајот бил блокиран овој трансфер. И Реал Мадрид беше во комбинација за потписот на Србинот, меѓутоа на крајот остана во Јувентус.
Во оваа сезона на 14 натпревари, Влаховиќ постигна осум гола и запиша две асистенции. Тој дојде во Јуве од Фиорентина и потпиша договор до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

