Долгогодишниот хрватски репрезентативец Горан Влаовиќ беше еден од ретките кои и пред мечот покажуваа оптимизам дека Бразил може да биде совладан.
„Ние момци, мораме да победиме. Да ме е..ш ако знам како, ама ние ќе победиме. Легендата вели дека еден голем тренер го кажа истово пред еден исто така важен меч за Хрватска“, изјави Влаовиќ во пресрет на мечот.
Веднаш по мечот, поранешниот голгетер немаше зборови да ја опише големата радост.
„Не можам да опишам како се чувствувам, немам зборови. Ова се лавови, војници“, еуфоричен беше Горан Влаовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА