Репрезентативецот на Хрватска, Никола Влашиќ ги искажа очекувањата од дуелот против Белгија, кој ќе зависи патникот во 1/8 финалето. Хрватите се во предност со четири бода, додека Белгија има три поени, и двете репрезентации во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе оди во следната фаза.
На прашање колку проблемите во Белгија може да бидат предност за Хрватска, Влашиќ одговори дека воопшто не се заморуваат со противникот.
„Не знам што се случува во нивната соблекувална, и не ни е грижа. Тие се одлична екипа, но ние се фокусираме на нас. Ги цениме и почитуваме, но не не интересира што се случува кај нив.“, рече Влашиќ.
Роберто Мартинез, селекторот на Белгија му ја препушти улогата на фаворит на Хрватска, а Влашиќ коментира:
„Не знам дали е тоа префрлување на притисокот, но тие беа на првото место на ФИФА листата и се одлична репрезентација“, изјави Влашиќ кој кажа дека неговата селекција нема да оди на бод, туку на победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА