Светското првенство во Катар почнува на 20 ноември годинава, а подготовките се во завршна фаза. Тој процес досега бил крвав и трагичен, со оглед дека се проценува дека бројот на погинати во изградбата на инфраструктурата изнесувал 6.500 имигрантски работници. Непочитување на нивните права видливо е и со последниот пример кој излезе во јавноста.
АП јавува дека катасрските власти привеле 60 имигрантски работници кои протестирале поради платите кои не биле исплатени во последните неколку месеци. Некои од нив веднаш биле депортирани, а Катар го потврди приведувањето.
Околу 60 работници протестирале на 14. август пред зградата на компанијата Ал Бандари Интернешнл Груп која се занимава со градежништво, недвижности, хотели, храна и останати работи. Демонстрантите во знак на негодување блокирале една од главните улици во Доха, а некои од нив наводно не добиле плата цели седум месеци.
Сепак, катарските власти истакнале дека ќе ги подмират долговите и придонесите на оштетените работници.
„Таа компанија веќе беше под истрага поради неисплатени плати и пред инцидентот, а сега се превземаат и дополнителни мерки за да се подмират останатите долгови“, порачаа Катарците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА