Властите во Милано ќе им забранат на „Делии“ влез на „Џузепе Меаца“

Италијанската полиција ја разгледува можноста поради безбедносни причини да го забрани присуството на навивачите на Црвена звезда на натпреварот против Интер на 1. октомври во Милано.

Според неофицијалните информации, официјалната одлука се уште не е донесена, но има сериозни индикации дека на „делиите“ ќе им бидат одбиени влезниците за овој натпревар, што инаку би сочинувало пет проценти од капацитетот на „Џузепе Меаца“.

И покрај тоа, не се очекува во тие денови да биде воведена забрана за влез на српски државјани во Италија. Оваа одлука е потенцијално мотивирана од инцидентите меѓу навивачите на Црвена звезда и Рома, кои кулминираа во последните години. Безбедносната проценка на италијанските власти сугерира дека може да дојде до конфликт меѓу приврзаниците на „Делите“ и римјаните кои би дошле во Милано само колку да им направат проблеми на омразените ривали.

Се вчитува...