ШЕСТНАЕСЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – ОВОЈ ПАТ СО ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИМИЊА ВО ВАРДАРОВАТА ИСТОРИЈА, ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ И НИКОЛА ЃОШЕВСКИ, ЧЛЕНОВИ НА ЗЛАТНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР ОД 2003 ГОДИНА!
ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ…. За А-репрезентацијата и очекувањата од баражот за СП 2026, за стариот и за новиот селектор, за Елиф Елмас, за трансферите на македонските фудбалери, за амбициозните родители и погрешниот притисок од најмала возраст, за Среќко Катанец, за славните мега-пресметки на Вардар со ЦСКА Москва и Спарта Прага!
РАЗГОВОРИ ЗА…
- За А-репрезентацијата која изминативе години некако беше единствената светла точка во македонскиот фудбал со пласманот во Б-дивизијата од Лигата на нациите и обезбедениот бараж за пласман на СП 2026
- За плеј-оф пресметката против Данска во мундијалскиот бараж, и што може да очекуваме од групата во Лигата на нациите против Швајцарија, Шкотска и Словенија
- Влатко Грозданоски: „Со сета должна почит за сите домашни тренери, но Милевски за мене е најдобриот македонски тренер“
- За новиот македонски селектор Гоце Седлоски: „Треба да гледаме напред… Треба да се даде максимална поддршка од цела домашна фудбалска јавност затоа што успесите на Македонија се најважни!“
- Младите македонски таленти не треба да брзаат со трансфери во странство од најрана возраст: „Најголемите македонски трансфери се на фудбалери кои претходно играле неколку години сениорски фудбал во Македонија“
- За амбициозните родители, за притисок кон младите фудбалерчиња, за фудбалските школи, едуцираните тренери и нивниот развој
- За најновиот проект ФК Илинден кој го водат Грозданоски и Ѓошевски, а кој треба да промовира пред се млади македонски фудбалери
- Влатко Грозданоски незаменлив дел од македонската репрезентација повеќе од десет години – Кој селектор му остави најголем впечаток!?
- За славните денови на ФК Вардар и легендарните пресметки со ЦСКА Москва и со Спарта Прага – Кога Вардар беше само на еден гол од групи во Лигата на шампионите!
- Никола Ѓошевски за трансферите на Елиф Елмас… За Карло Анчелоти и Антонио Конте, за Наполи, за Лајпциг….
================================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

